Папата апелира за мир во регионот на Кавказ, по денешните судири во Нагорно Карабах

Од:

Папата Франциск денеска изјави дека се моли за мир во регионот на Кавказ по обновените судири меѓу Ерменија и Азербејџан за спорната територија Нагорно-Карабах.

„Се молам за мир на Кавказ и ги замолувам страните во конфликтот да направат гестови на добра волја и братство што може да доведат до решавање на проблемите, но не со употреба на сила и оружје, туку преку дијалог и преговори“, рече папата Франциск.

Германската агенција појаснува дека во обраќањето до насобраните верници на плоштадот Свети Петар во Ватикан за неговата неделна порака, лидерот на 1,3 милијарди католици низ светот ги повикува верниците да му се придружат во тивките молитви.

Нагорно-Карабах, иако е меѓународно признат како дел од претежно муслиманскиот Азербејџан, се наоѓа под контрола на ерменски христијански сепаратисти.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Г. г. Стефан во посета на Рим и Ватикан, денеска на средба со папата Франциск

Папата Фрациска повика на итно отворање коридор за цивилите од Газа

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Промоција на книга од папата Франциск на македонски јазик