Папа Франциск: Војната во Украина би била лудост

Од:

Папата Франциск денеска изјави дека војната во Украина ќе биде лудило и изрази надеж дека тензиите меѓу Украина и Русија може да се надминат преку мултилатерален дијалог.

На општата аудиенција, папата Франциск им се заблагодари на оние кои учествуваа на неговиот Меѓународен ден на молитва за мир во Украина, одржан на 26 јануари, пренесуваат британските медиуми.

-Да продолжиме да му се молиме на Богот на мирот за тензиите и воените закани да бидат надминати преку сериозен дијалог и преговорите во рамките на Нормандискиот формат да придонесат за таа цел, рече папата, алудирајќи на разговорите во кои учествуваат Русија и Украина, поддржани од Германија и Франција.

„И да не заборавиме дека војната е лудост“, кажа поглаварот на Римокатоличката црква.

Избор: МИА

Би можело да ве интересира

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Политико: На Украина очајно и требаат војници

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски

Одеса остана без струја, цел беше и регионот на Миколаев

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он