Паника во САД: Дури 10.000 луѓе можеби заразени со смртоносниот хантавирус

Од:

Американскиот сојузен центар за надзор и сузбивање болести предупредува дека е можно дури 10.000 луѓе да дошле во контакт со смртоносниот хантавирус ова лето, за време на престојот во паркот Yosemite.

До сега се забележани шест случаи на оваа болест, од која двајца веќе починаа. Сите што се заразени престојувале во Curry Villageu, каде се собираат посетителите на паркот Yosemite во Калифорнија.
Службениците на националниот парк се обидуваат да воспостават контакт со 2900. луѓе кои резервирале престој во тој камп летово, но се проценува дека вкупно околу 10.000 луѓе биле изложени на вирусот.
Ханавирус е ретка болест која се пренесува преку урината или изметот на глодарите, а името го има добиено по реката Хантан во Јужна Кореа. Симптомите се треска, потење на дланките, дијареа, слабост, главоболка, проблеми со дишењето, а набрзо по ова доаѓа до откажување на бубрезите. Лек нема, а болеста е смртоносна кај една третина од заразените.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски