Пандемијата во САД одминува, смртноста сега е на нивото од март 2020 година

Од:

Бројот на починати од Ковид-19 во САД се намали на помалку од 300 дневно, првпат од март 2020 година, јавија од Центрите за контрола на болести (ЦДЦ).

Во меѓувреме, кампањата за вакцинација надмина уште една позитивна граница – 150 милиони Американци се целосно вакцинирани, или околу 45 отсто од вкупното население на земјата.

Повеќе од 53 отсто од Американците примиле барем една доза, но експертите се разочарани бидејќи темпото на вакцинација во САД се намалува, односно останатите 47 проценти од вкупното население сѐ помалку сакаат да се вакцинираат.

Според ЦДЦ, во 2020 година коронавирусот стана трета главна причина за смртноста во САД, по кардиоваскуларните и онколошките заболувања. Но сега, болеста е ослабена и таа не е повеќе во спискот на главни причинители на смртноста. Според најновите податоци, повеќе Американци сега умираат од несреќни случаи, хронични заболувања на белите дробови, срцеви удари или Алцхајмерова болест, отколку од Ковид-19.

Бројот на нови случаи на инфекција изнесува 114.000 дневно, притоа на почетокот на јануари тој број достигаше и до 250.000. Смртноста од Ковид-19 во просек се намали до 293, во средината на јануари оваа бројка изнесуваше 3.400.

Во Њујорк, град кој најтешко беше погоден од пандемијата лани пролетта, гувернерот Ендрју Куомо соопшти на Твитер дека во државата биле регистрирани само 10 нови смртни случаи. Во зенитот на епидемијата, во сојузната држава животот го губеа по околу 800 луѓе дневно.

Во некои држави ситуацијата не е воопшто добра. Мисури, на пример, е лидер според бројот на нови инфекции. Државата се наоѓа на четврто место по Калифорнија, Флорида и Тексас според бројот на нови случаи минатата недела, и покрај релативно малата населеност.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат