Пандемијата повторно се разгорува – расте бројот на нови и смртни случаи во повеќе земји

Од:

Повеќе големи светски земји пријавија зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот и на смртните случаи, а здравствените експерти предупредуваат дека иако се чини оти пандемијата е потисната, ситуацијата не треба да предизвика опуштање.

Велика Британија денеска соопшти дека 50 лица починале од Ковид-19 во последниот ден, што е најголем број смртни случаи од оваа болест од април наваму.

Додека Владата во Лондон се подготвува да ги укине речиси сите мерки на 19 јули, уште 36.660 нови случаи на Ковид-19 се регистрирани денеска, покажуваат официјалните податоци.

Русија, исто така, забележа нов црн рекорд во бројот на смртни случаи, бидејќи 780 лица починаа во изминатите 24 часа како резултат на инфекција со Ковид-19. Претходно, најмногу смртни случаи беа регистрирани на 10 јули – 752 починати.

Во земјата се потврдени 24.702 нови случаи на коронавирус, а од почетокот на пандемијата се регистрирани вкупно 5.833.175 случаи на инфекција.

Индонезија денеска пријави рекорден број случаи на инфекција со коронавирус, а властите најавија планови да нарачаат течен кислород и илјадници респиратори од странство за лекување на пациентите.

Во оваа држава евидентирани се 47.899 нови случаи на инфекција, што е шести дневен рекорд во последните десет дена, и приближно седумпати повеќе од пред еден месец. Бројот на смртни случаи од коронавирус денеска изнесува 864, а вкупно 68.000 починати од почетокот на пандемијата.

Бројот на нови случаи на коронавирус продолжува да се зголемува и во Грција. Регистрирани се 3.109 нови случаи во изминатите 24 часа, најмногу во последните два месеца. Починати се четворица пациенти.

Би можело да ве интересира

СЗО препорача коктел од антитела против Kовид-19

Ана Ололовска

Осум грчки региони во црвената зона со полициски час и забрана за музика во угостителските објекти

Ана Ололовска

Фризери во Велика Британија пријавуваат алергии кај луѓе по Ковид-19

Ана Ололовска

Австралија вакцинираше половина од возрасната популација, се најавува олеснување на мерките

Ана Ололовска

Повеќе од 230 милиони луѓе во светот се заразени со Ковид-19

Ана Ололовска

Во почетокот на октомври европскиот регулатор одлучува за трета доза вакцина против Ковид-19

Ана Ололовска