Пандемијата извор на заработка за италијанската мафија

Од:

Организираниот криминал успеа да извлече корист од вонредната состојба предизвикана од пандемијата со Ковид-19 до загрижувачка мерка, пишува весникот „Ил фато Коридијано“, повикувајќи се на извештај на Здружението Антимафија, заснован на полициски извештаи, тужби и прислушувања и други факти собрани низ цела Италија.

Извештајот ги цитира зборовите на еден од шефовите на мафијата, Салваторе Емоло, кој телефонски зборувајќи со деловен партнер изјавил дека „со вирусот се прават пари“.

Од почетокот на пандемијата во Италија, започнати се повеќе од три илјади истраги поради вмешаност на криминални организации во работи поврзани со вонредната состојба предизвикана од коронавирусот.

Мафијата е вклучена во набавка на санитарни материјали, лекови, има индиции дека криминални организации се обидуваат да се вклучат во набавка и дистрибуција на вакцини, а особено загрижува можноста за воведување лажни вакцини на пазарот, како што предупреди Министерството за здравство.

Според некои полициски истраги, мафијата, Ндрангета и Камора веќе се вклучени во работи со медицински отпад, кој мора да се уништи само во согорувачи.

– Тоа е работа од милион долари, имајќи предвид дека од почетокот на пандемијата се потрошени две и пол милијарди евра на медицински материјали, дистрибуирани се повеќе од две милијарди маски за еднократна употреба и откако ќе се користат, сите мора да бидат уништени на пропишан начин. Во тоа, организираниот криминал ја гледа својата шанса за милионска заработка, вели заменик-јавниот обвинител и раководител на одделот за борба против мафијата, Алесандра Долчи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим