Пандемијата им се заканува на 50.000 детски животи, предупредуваат УНИЦЕФ и СЗО

Од:

Обединети нации предупредуваат дека повеќе од 50.000 деца под пет години би можеле да починат во текот на годината на Блискиот Исток и во Северна Африка ако не се обнови пружањето на здравствени услуги и вакцинацијата, нарушени поради пандемијата со новиот коронавирус.

„Здравствените системи се под невиден притисок поради пандемијата со коронавирусот и иако нема многу случаи на коронавирусот помеѓу децата во тие региони, јасно е дека вирусот директно ќе влијае врз нивното здравје,“ се истакнува во заедничкото соопштение на Организацијата на ОН за децата (УНИЦЕФ) и Светска здравствена организација (СЗО).

Предупредувањето уследи откако голем број здравствени работници ги пренасочија напорите да одговорат на епидемијата.

„Покрај тоа, ограниченото движење и економските бариери дополнително го спречуваат пристапот на населението до здравстената заштита,“ се посочува во соопштението.

УНИЦЕФ и СЗО апелираат за „целосно и безбедно продолжување на кампањата за вакцинација и обезбедување на храна, со строги мерки на превенција против вирусот“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски