Палмер: Договорот предвидува меѓусебно признавање на Косово и Србија и не исклучува промена на границите

Од:

Заменик помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер изјави дека Америка е посветена на постигнување траен договор меѓу Белград и Приштина, кој подразбира меѓусебно признавање, но додаде дека е „сосема можно“ таквиот договор да вклучува и „прилагодување“ на границите.

– Ние ја поддржуваме нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Двете страни мора сами да постигнат договор и тој мора да биде траен и сеопфатен. Во суштината на ова, за нас тоа значи взаемно признавање. Сосема е можно ова да вклучува прилагодување на границата меѓу Србија и Косово. САД не го заговара ова, но и не го исклучува, истакна Палмер за хрватската агенција Хина.

Според Хина, Палмер нагласи дека од Белград се очекува признавање и прифаќање на Косово како суверена и независна држава, додека Косово би морало да ја признае Србија како свој сосед.

– Постои простор страните да склучат договор што ќе биде прифатлив за јавноста и во едната и во другата земја. Ние би сакале да видиме страните да постигнат договор, сакаме да ни го донесат и добро да го погледнеме. Ако имаме дилема, ние тоа јасно ќе го ставиме до знаење и на тоа ќе работиме со двете страни за договорот да го обликуваме во нешто што и САД може да го прифатат и потврдат, рече Палмер.

Тој рече дека спорот меѓу Приштина и Белград е извор на нестабилност во регионот, додека нормализацијата на односите ќе ја доближи Србија и Косово до европската интеграција.

Палмер потсети дека двете страни мора прво да се вратат на преговарачка маса, бидејќи преговорите се блокирани поради високите такси на Косово воведени на производи од Србија и БиХ.

– Америка сака Косово да ги укине овие царини за дијалогот да се рестартира. Дури и привремено укинување на таксите би овозможило покренување на дијалогот. Ние го повикаме Косово да ги суспендира овие царини и да се овозможи дијалогот меѓу Белград и Приштина, рече Палмер.

Би можело да ве интересира

Гренел: Обама и Бајден осум години ги игнорираа Белград и Приштина

Горјан Грнчаровски

Српски медиуми: Ерменците и Азербејџанците се убиваат со оружје од Србија што им го продал финансиер на Вучиќ

А1он

Азербејџан очекува Србија да биде на негова страна околу Нагорно-Карабах

А1он

Редфилд: Новиот советник за Ковид-19 погрешно го информира Трамп, епидемијата не е блиску до крајот

А1он

Косовската Влада отвори Канцеларија за Прешевската Долина

Ана Ололовска

Зголемен бројот на самоубиства меѓу американските војници

Ана Ололовска