Палестинскиот штрајк со глад добива на масовност по смртта на еден затвореник

Од:

Околу 3.000 палестински затвореници во израелските затвори започнаа денеска еднодневен штрајк со глад во знак на протест поради смртта на еден затвореник, а израелските безбедносни сили се подготвуваат за демонстрации на Палестинците на Западниот брег во знак на солидарност со затворениците.

Портпаролот на затворската служба Сиван Вајцман потврди дека 3.000 затвореници ги одбиваат оброците, но и дека станува збор само за еден ден.

Арафат Џарадат (30) ненадејно почина во притворниот центар Медигу, на северот на Израел од срцев удар, тврдат затворските власти. За денеска е најавена обдукција, а палестинскиот министер Иса Карака, задолжен за затворениците, најави дека палестински лекар и членови на семејството ќе бидат присутни во израелскиот национален форензички институт.

По смртта на Џерадат избија судири во Хеброн меѓу палестинската младина и израелските безбедносни сили, соопштија очевидци и безбедносни извори.

Во меѓувреме, израелскиот пратеник ветеран Бенјамин Бен Елиезер предупреди дека насилството меѓу израелците и палестинците ќе ескалира доколку не се оббноват мировните преговори, кои долго време се во застој.

Тој го упати повикот по целонеделните судири меѓу израелската војска и Палестинците кои протестираат во знак на поддршка на четворица палестински затвореници кои со денови штрајкуваат со глад во израелските затвори. Палестинците предупредија на насилство доколку еден од штрајкувачите почине. Џарадат не штрајкуваше со глад, но Палестинците сметаат дека не се точни израелските тврдења дека починал од срцев удар. с

Би можело да ве интересира

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Израелскиот напад врз Рафа однесе најмалку 30 жртви

А1он

Кина: Палестина мора да стане полноправна членка на ОН

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Протестен марш во Скопје за поддршка на палестинскиот народ во Газа, се бара итен прекин на огнот и давање на хуманитарна помош од буџетот на државата

Предраг Петровиќ