Палестинската управа повтори дека ја отфрла американската мировна иницијатива

Од:

Палестинската управа повтори дека ја отфрла мировната иницијатива на САД по најавата дека за неа ќе се дискутира следната недела во Вашингтон со израелските лидери.

„Предупредуваме дека секој американски проект ќе го прекрши меѓународното право“, изјави портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас, Набил Рудејне, додавајќи дека Палестинците ја отфрлаат иницијативата на претседателот на САД Доналд Трамп да се реши израелско-палестинскиот судир, пренесуваат француските медиуми.

Белата куќа денеска соопшти дека ги повикала израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот главен политички опонент Бени Генц следната недела да дискутираат за „шансите за мир“ со Палестинците, кои веќе претходно го отфрлија долго очекуваниот план на нивната администрација, наведуваат американските медиуми.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс вчера го формализира повикот на средбата со Нетанајху во Ерусалим, откако претходно се обрати на меѓународниот форум за Холокаустот.

Тој кажа дека повикот, исто така, е упатен и до Ганц, поранешен командант на израелската војска и ривал на Нетанјаху на парламентарните избори закажани за 2 март.

Според очекувањата, планот ќе биде во корист на Израел и тешко дека ќе биде поддржан од меѓународната заедница бидејќи се смета дека ќе ги поткопа шансите за решение на деценискиот судир според моделот на две држави.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел