Палестинците со најави за повлекување од Договорот од Осло со Израел

Од:

Палестинската ослободителна организација (ПЛО) се закани денеска дека ќе се повлече од привремениот мировен договор со Израел, посредуван од поранешниот американски претседател Бил Клинтон во 1993 година, откако сегашниот американски претседател Доналд Трамп ја објави својата намера наскоро да го образложи својот мировен план.

Повикувајќи се на членот на Палестинскиот законодавен совет, Саеба Ерекат, западни медиуми најавуваат дека ПЛО се заканува дека ќе го прекине исполнувањето на своите обврски од договорот во Осло, доколку Трамп ја оствари својата најава.

Ерекат, генерален секретар на ПЛО, оцени дека Трамп сакал „привремената окупација (палестинските територии од страна на Израел) да ја претвори во постојана“, иако досега нема веродостојни информации за политичкиот дел од мировниот план на Блискиот исток на Трамп.

Трамп пред новинарите оваа недела изјави дека има намера да го објави планот непосредно пред состанокот со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и неговиот политички ривал Бени Ганц следната недела во Вашингтон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски