Палестинците пријавија први случаи на омикрон

Од:

Палестинското Министерство за здравство денеска ги потврди првите три случаи на зараза со Омикрон на Западниот Брег.

Портпаролот на Министерството Камал ал-Шакрах рече дека заразените живеат во различни градови во областа и неодамна се вратиле од странство, но не спомена од кои земји.

Израелското Министерство за здравство досега потврди најмалку 67 случаи на инфекција со Омикрон и воведени се строги ограничувања, вклучително и забрана за влез на повеќето странски туристи.

Властите на Западниот Брег и Појасот Газа, каде живеат околу 4,8 милиони Палестинци, соопштија дека од почетокот на пандемијата од коронавирусот починале 4.858 луѓе.

Околу 2,9 милиони Палестинци од двете територии примиле една доза од вакцината на Фајзер/Бионтек, Астра Зенека, Спутник В или Синофарм, а нешто повеќе од 2,4 милиони ги примиле двете дози.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он