Палестинците палеа слики на Трамп и знамиња на САД и на Израел

Од:

Илјадници Палестинци денеска учествуваа на „Денот на бесот“ ширум целиот окупиран Западен Брег, протестирајќи против одлуката на американската администрација дека изградбата на израелски населби на палестинска територија не е нелегално.

Дел од демонстранти се судрија со израелските безбедносни сили. Учесниците во протестот во Рамалах палеа фотографии од американскиот претседател Доналд Трамп, а исто така беа запалени и американското и израелското знаме.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Импичмент за Трамп, затвор за Нетанјаху, окупацијата ќе се помине, а ние ќе останеме на наша земја“.

Палестинците фрлаа со камења врз контролните пунктови во близина на Рамалах, Витлеем и Хеброн, а припадниците на израелските безбедносни сили возвратија со солзавец.

Поради протестот затворени се училиштата, факултетите и владините објекти во Западен Брег.
Администрацијата на американскиот претседател Трамп минатата недела по четири децении соопшти дека израелските населби на палестинските територии не претставуваат кршење на меѓународното право.

Повеќе од 400.000 еврејски доселеници сега живеат во Западен Брег, територија освоена од Израел заедно со Источен Ерусалим во војната во 1967 година.

Меѓународната заедница и Палестинците тврдат дека еврејските населби се нелегални и го попречуваат формирањето на палестинска држава. Израел тврди дека судбината на населбите најверојатно ќе се решава на преговарачка маса.

Би можело да ве интересира

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран