Палестинците се подготвуваат да го прослават Божик во Витлеем, историското родно место на Исус Христос.
Прославата е обележана со протестот против одлуката на Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.
Официјални претставници на Ватикан поминаа низ израелски воен контролен пункт на патот од Ерусалим пред полноќната миса во Црквата Христово раѓање.
Стотици локални и странски посетители се собраа на плоштадот Мангер, додека палестинските изведувачи свиреа на гајда минувајќи покрај божикната елка, а покрај божикните украси оваа година се поставени и транспаренти во знак на протест против одлуките на Трамп.
Градоначалникот на Витлеем Антон Салам изјави дека се надева дека оваа година Божик ќе биде особено свечен.
– Затоа што сакаме да им покажеме на луѓето дека сме народ кој заслужува живот, ја заслужуваме нашата слобода, нашата независност, го заслужуваме Ерусалим како наш главен град, рече Салам.