Палестина не ја сака израелската донација вакцини против Ковид-19

Од:

Палестинските власти го откажаа договорот со кој Израел требаше да донира најмалку еден милион вакцина против Ковид-19.

Објаснувањето е дека вакцините „Фајзер“ планирани за донацијата биле на крај на рокот за употреба.

Израел објави дека не му се потребни вакцините чиј рок истекува и дека треба да бидат искористени за забрзување на процесот на вакцинација во Палестина. За возврат, Палестина требаше да му достави на Израел идентичен број вакцини „Фајзер“ кои ги очекува од производителот.

Палестинскиот министер за здравство Маи Алкаила објасни дека им било најавено дека рокот на вакцините истекува во јули и август, но потоа било констатирано дека на нив стои оти рокот им е до јуни. Тој вели дека едноставно нема време да бидат искористени.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск