Пакистанскиот министер за здравство Зафар Мирза, насред пандемијата со Ковид-19, вчера поднесе оставка поради неговото двојно државјанство.
Мирза е помеѓу неколкуте специјални помошници на премиерот, кои се соочија со критики од опозициските партии поради нивните двојни државјанства. И советничката Тaња Аидрус поднесе оставка поради двојното државјанство.
Мирза во изјавата за неговиот имот не навел дека има друго државјанство освен пакистанското.
Во Пакистан регистрирани се 276.288 инфицирани лица со новиот коронавирус, од кои 5.892 смртни случаи.