Пакистанката Малала номинирана за Нобелова награда

Од:

Петнаесет годишната активистка, Малала Јусафзаи од Пакистан, која минатата година беше ранета во глава од талибанците, е номинирана за годинешнава Нобелова награда за мир.

Рокот за номинација завршува денес, а помеѓу номинираните се и активисти од поранешниот источен блок.

И покрај тоа што името на добитникот ќе се дознае во почетокот на октомври, се шпекулира за евентуален лауреат.

Талибаниците, тинејџерката Малала ја погодиле во глава, додека влегувала во школскиот автобус, бидејќи се залагала за правото на образование на пакистанските девојчиња.

Таа стана симбол против талибанскиот екстремизам и строгите правила на шериетскиот закон.

Кристијан Берг Харпвикен, од институтот за мир во Осло изјави дека наградата за Малала покрај тоа што ќе биде во вистинско време, ќе придонесе младите и образованието да влезат во агендата на мирот и конфликтот.

Помеѓу номинираните се и борците за човекови права, вклучувајќи го и белорускиот активист Алеша Бељатски кој во моментов е во затворот и русинката Људмила Алексеева.

Познато е дека француските, канадските и норвешките пратеници го дадоа својот глас за малата пакистанка Малала.

Во минатото дури и Адолф Хитлер, Жозеф Сталин и Бенито Мусолини беа номинирани за оваа награда.

Нобеловата награда за мир се доделува од 1901 година, секоја година на денот на смртта на шведскиот пронаоѓач и фабрикант Алфред Нобел.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран