Пакистан веќе 40 години прибежиште за авганистански бегалци

Од:

Ал Џазира

По немирите и нестабилноста предизвикана од распоредувањето на Советската армија во Авганистан во 1979 година, близу седум милиони луѓе мораа да ги напуштат огништата, а соседен Пакистан веќе 40 години е прибежиште за голем број авганистански бегалци.

Според некои извештаи, авганистанските бегалци денес сочинуваат околу еден процент од вкупното население на Пакистан, а многумина одамна се откажале од враќање во татковината и остануваат да живеат во Пакистан.

Најновите официјални бројки на пакистанските власти покажуваат дека во земјата моментно има околу 2,8 милиони Авганистанци, при што високиот комесар на ОН за бегалци (УНХЦР) тврди дека се околу 1,4 милиони.

По Турција, Пакистан е земја со најголем број бегалци во светот, иако повеќето Авганистанци во Пакистан немаат правен статус.

Според Пакистанскиот сенатски комитет за неразвиени региони, само 850.000 Авганистанци во таа земја имаат лични документи или други официјални документи за потекло.

Околу 500.000 Авганистанци воопшто не се регистрирани со никакви службени документи, освен што се евидентирани како бегалци.

Марџолеин Зик, професор по меѓународно право на бегалци, во текст што го напиша за Меѓународниот весник за правата на бегалците, наведува дека само 25 проценти од Авганистанците имаат статус на бегалци во Пакистан.

Од друга страна, Авганистанците кои немаат статус на бегалци се лишени од многу права.

Според пакистанскиот закон, донесен во 1997 година, само на лицата кои доаѓаат од други земји кои имаат бегалски статус им е дозволено да работат и да отворат банкарска сметка во Пакистан. Значителен број Авганистанци кои живеат во таа земја се нерегистрирани, обидувајќи се да преживеат на различни начини.

Значителен број Авганистанци избегаа во Пакистан веднаш по агресијата на СССР во 1979 година, оставајќи околу 3,3 милиони Авганистанци во соседната земја во текот на следните десет години, но некои се вратија во својата татковина во наредните години, особено во гранични области.

Повеќето од оние што останаа во Пакистан избраа да продолжат да живеат во земјата заради тероризмот и постојаните домашни немири во нивната татковина.

Според извештајот на УНХЦР во декември 2019 година, околу 4,3 милиони се вратиле во својата татковина помеѓу 2002 и 2019 година, а повеќе од 6.000 Авганистанци во 2019 година.

Според некои извештаи, до 1988 година, во Пакистан биле отворени околу 340 бегалски кампови.

Авганистанските бегалци денес се сместени во вкупно 54 кампови на различни локации надвор од градовите, со повеќето кампови лоцирани во близина на Пешавар.

Според УНХЦР, половина од Авганистанците на кои им биле одземени правата како што се здравството и образованието се на возраст под 18 години.

Авганистанскиот комесар за бегалци тврди дека 74 отсто од 2,8 милиони Авганистанци, за кои се проценува дека се во земјата, се родени во Пакистан.

Имран Кан, премиер на Пакистан, кој дојде на власт во август 2018 година, во обраќањето истата година рече дека на децата од авганистанските и бегалци од Бангладеш родени во земјата треба да им се даде државјанство.

Тој истакна дека на децата родени во Пакистан им биле одземени многу права, особено образованието и здравството, поради што некои кругови го обвинија дека ги поддржува авганистанските бегалци.

Некои пакистански граѓани го поздравија предлогот, додека некои тврдат дека не само на децата, туку на сите бегалци треба да им се даде државјанство.

Минатиот месец, пакистанската сенатска комисија за неразвиени региони објави дека бегалците во земјата треба да имаат право на двојно државјанство.

Додека се водат дискусии за статусот и правата на бегалците во Пакистан, УНХЦР прави огромни напори и спроведува разни проекти за подобрување на квалитетот на животот и достигнување на образованието на Авганистанците кои живеат во Пакистан.

Во Исламабад денеска ќе се одржи конференција за состојбата на авганистанските бегалци во Пакистан, на која ќе присуствува генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и претставници од околу 20 земји.

Би можело да ве интересира

Размена на талибанските затвореници и авганистанските војници

Ана Ололовска

Талибанците подготвени за прекин на огнот поради коронавирусот

А1он

Најмалку седум цивили загинаа при експлозија на бомба во Авганистан

Ана Ололовска

Најмалку 19 загинати во напад врз авганистанските безбедносни сили

Ана Ололовска

Авганистанската Влада повторно одбива да ослободи талибански затвореници

Ана Ололовска

Кабул три седмици под карантин поради коронавирусот

Ана Ололовска