Пакистан без струја поради хаварија на електричната мрежа

Од:

Голема хаварија во електричната мрежа предизвика прекин на струјата ширум Пакистан, соопшти Министерство за енергетика.

– Според првичните информации, во седум часот и 34 минути по локално време, националната мрежа претрпе загуба на фреквенција што предизвика голем дефект. Во тек се итни активности за активирање на системот, се посочува во соопштението на пакистанското Министерство за енергетика.

Нема електрична енергија во сите поголеми градови, вклучувајќи ги Карачи, Исламабад, Лахоре и Пешавар.

Пакистанскиот министер за енергетика Хурум Дастагир истакна дека флуктуации на фреквенцијата на напонот се појавиле во јужниот дел на земјата кога утрово биле вклучени системите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран