Пахор: НАТО мора да ја остави вратата отворена за Украина

Од:

Претседателот на Словенија, Борут Пахор на денешниот состанок на групата Араиолос на Малта, изјави дека НАТО мора да ја остави вратата отворена за Украина, откако Киев деновиве побара членство во сојузот.

dobivaj vesti na viber

Зборувајќи на маргините на состанокот во Валета, тој истакна дека потребно е да се зачува единството на НАТО алијансата. Околу барањето на Украина за полноправно членство во НАТО, тој смета дека земјата „има целосно право да ја избира сопствената надворешна и безбедносна политика“ и оти сојузот мора да ја остави вратата отворена за неа.

Пахор додаде дека за тоа мора да одлучат сите 30 членки на НАТО.

Според него, во соочувањето со последиците од војната во Украина како и во односот кон Руската Федерација за ЕУ е важно да се одржи и зајакне единството. Како што подвлече Пахор, Европа не смее да ја повтори грешката од 2014 година, кога недоволно одлучно одговорила на руската окупација на Крим.

Тој ги повика лидерите на флексибилност кога е во прашање ширењето на ЕУ на регионот на Западен Балкан.

Во Ла Валета се одржува состанокот на лидерите на земјите од групата Араиолос. Покрај Малта, членки на групата се и Естонија, Грција, Ирска, Италија, Летонија, Унгарија, Хрватска, Германија, Полска, Португалија, Словенија и Словачка.

Во центарот на дискусијата годинава е размената на мислење за ефектите од војната во Украина на безбедноста и стабилноста во источниот и југоисточниот дел на Европа.

Лидерите на земјите членки на Европската Унија во овој формат се состануваат еднаш годишно од 2003 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ако ја загубиме војната, Хаг ќе им суди на на чистачите околу Кремљ – дебата на руска телевизија

Столтенберг: Русија веројатно ќе продолжи да ја напаѓа клучната украинска инфраструктура

Катерина Павлова-Николовска

Руски пратеник: Откако ќе им ја уништиме електричната мрежа, на ред е банкарскиот систем

А1он

Претседателот на хрватскиот Сабор: 17 земји се пријавија да ги обучуваат украинските војници, не сме само ние

А1он

Кремљ: Ја поздравуваме понудата на Ватикан да посредува, но ставот на Украина го спречува тоа

А1он

Газпром нема да ја прекине испораката на гас за Молдавија

А1он