Падна Един Тито Гачанин – мистериозниот босански нарко бос е уапсен во големата акција во Дубаи

Од:

Босанскиот државјанин уапсен во големата акција во Дубаи за разбивање на суперкартелот е Един Тито Гачанин јавуваат холандските медиуми. Се работи се шеф на наркобизнисот кој криумчари дрога во Европа,а кој според медиумите беше своевидна мистерија за европската полиција.

Тој е уапсен во Даубаи во акцијата што ја координираше Европол, а во која учестуваа полициите на шест држави. Холандија за него ќе бара екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати.

Медиумите претходно објавија дека еден од уапсените е 40-годишен Холанѓанец, кој исто така е државјанин на Босна и Херцеговина, а се работи за Гачанин. Против него е покрената кривична истрага врз основа на пресретнати пораки на Скај. Кривичниот предмет против него го водат обвинителите на Државното обвинителство на Холандија, соопшти холандската полиција.

Тој не само што е осомничен за увоз на големи количества кокаин. Тој е осомничен и дека подготвувал увоз на речиси 8.000 килограми суровини за производство на амфетамин. Суровините за производство на лекови пристигнале преку пристаништето Антверпен, а нивната крајна дестинација била компанија во Холандија.

Босанскиот државанин веројатно имал важна водечка улога во увозот на забранети стоки. Тука спаѓа и серија од околу 1.800 килограми кокаин што е увезена преку пристаништето Хамбург во 2020 година со дестинација во Холандија, соопшти полицијата.

Преку разговорите на Скај е осомничен дека учествувал како организатор, посредник и финансиер во увозот на 739,5 килограми кокаин од Дурбан (Јужна Африка) во Ротердам.

Би можело да ве интересира

Во Шпанија разбиен огранок на балкански нарко-картел

А1он

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

Семејството ќе ја оствари последната желба на пејачката која загина во Дубаи

А1он

Девојка од Бијелина загина во Дубаи откако падна од 24 кат

ВИДЕО: Силен земјотрес од 4,9 степени ја погоди Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски

Разбеснети фармери убија членови на мексиканскиот картел, наскоро следуваше одмазда