Пад од 43 отсто на барањата за азил во ЕУ во март

Од:

Канцеларијата за азил на Европската унија ги објави бројките на барања за азил во ЕУ во текот на месец март, вкупниот број на барања паднал за 43 отсто, од Северна Македонија 81 лице побарале азил минатиот месец, најнизок број во последните две години, јави дописничката на МИА од Брисел.

Додека првите два месеца од оваа година барањата за азил се зголемија во споредбата со претходната година, во март се бележи масовен пад: 65.300 барања за азил во јануари, над 61 илјада во февруари, во март бројката паѓа на 34.737.

Пред да започне пандемијата со коронавирусот, барањата за азил и меѓународна заштита во ЕУ беа во пораст за шестнаесет отсто во споредба со истиот период претходната година, соопшти Канцеларијата за азил, ЕАСО.

Што се однесува до барањата од Северна Македонија, бројката падна на најниско ниво во последните две години, со 81 нови апликации за азил, и 11 повторни барања (односно веќе одбиени барем еднаш).

Сите одлуки за барањата од Северна Македонија биле одбиени во февруари и во март, во јануари е доделен бегалски статус на две лица.

Во првите два месеца од годинава најголем број барања за азил имало од Сиријци и Авганистанци, кои заедно сочинуваат една петтина од сите барања.

Меѓу државјанствата кои највеќе бараат заштита во ЕУ се граѓани на Колумбија, Венецуела, Ирак, Пакистан, Турција, Нигерија, Грузија и Сомалија.

Барањата од Косово, Северна Македонија и Молдавија се значајно намалени, додека Украинците бележат зголемување од 22 отсто во февруари споредено со јануари годинава.

Што се однесува до стапката на одобрување на барањата во ЕУ, таа исто така е намалена, на 27 отсто во февруари, и 30 отсто во март. Во истиот период лани, позитивните одлуки за азил изнесувале 35 отсто.

Би можело да ве интересира

Клуге: Секој десетти човек во Европа ќе биде заразен со Ковид-19 до крајот на оваа недела

Ана Ололовска

Регионална директорка на УНФПА: Финансиските стимулации за раѓање деца не се доволни

Ана Ололовска

ЕУ изгубила 134 милијарди евра во ДДВ поради фискална евазија во 2019

Ана Ололовска

Потрошувачката на гас во Европа достигна невиден рекорд

А1он

Европа е единствениот регион каде што продолжува да расте бројот на новозаразени со Ковид-19

Катерина Павлова-Николовска

Намален бројот на жртви во сообраќајки во ЕУ, делумно поради Ковид-19

А1он