ОВП на Себастијан Курц победи на изборите во Австрија

Од:

Народната партија на Австрија (ОВП) на Себастијан Курц победи на денешните предвремени парламентарни избори, покажуваат првите резултати од избирачките места.

Курц најверојатно ќе биде најмладиот канцелар во историјата на Австрија со 31 година.

Според првичните резултати од 42,4 отсто од преброените гласови, ОВП освои 30,2 проценти што во споредба со изборите во 2013 година тоа е зголемување за 6,3 отсто.

Со 26,8 проценти освоени гласови на второ место е Слободарската партија (ФПО) на Хајнс-Кристијан Штрахе. И ФПО бележи раст од 6,3 проценти во споредба со резултатите од изборите во 2013 година.

На трето место е Социјалдемократската партија (СПО) на канцеларот Кристијан Керн која освои 26,3 отсто од гласовите, што е за 0,6 проценти помалку од пред четири години.

Во Парламентот на Австрија влегува и партијата Неос, која освои 5,3 проценти, а се очекува и Зелените да имаат претеници, кои освоија 4,9 отсто.

И Листата Пилц би можела да влезе во Парламентот бидејќи досега освои 4,3 проценти од гласовите.

За сега се преброени гласовите во руралните делови на Австрија. Се очекува гласовите од големите градови да го сменат распоредот на партиите, со исклучоко на врвот. За второто место, како и за партиите кои ќе го поминат цензусот ќе одлучат гласачките ливчиња пратени по пошта. Повеќе од 800.000 гласачки ливчиња за гласање по пошта беа нарачани за овие избори, што се 14 отсто од гласачкото тело на Австрија.

Гласовите добиени по пошта ќе се пребројуваат утре и можат да влијаат на конечниот резултат посебно кој го поминува, а кој не цензусот од четири отсто.

Би можело да ве интересира

Оператори во Австрија најавија поскапа струја за 17 отсто од 1 јануари

А1он

Во Австрија почнува четвртото заклучување поради коронавирусот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Околу 35 илјади луѓе протестираа во Виена против карантинот и задолжителната вакцинација

Катерина Павлова-Николовска

Шаленберг им се извини на Австријците кои ја слушале државата

Катерина Павлова-Николовска

Австрискиот министер за европски и меѓународни работи Линхарт утре во официјална посета на Скопје

А1он

Загубите на австриските трговци ќе достигнат ниво од 350 милиони евра неделно, тврди шефот на Здружението на трговци

Ана Ололовска