Отворени првите избирачки места во САД

Од:

На Источниот брег на САД во 6 часот по локално време се отворени првите избирачки места, и веќе се гласа во државите Мејн, Конектикат, Њу Џерси, Њу Јорк, Њу Хемпшир и Виџинија.

Гласачите избираат 435 членови на Долниот дом на Конгресот и 35 сенатори. Се гласа и за 36 гувернерски позиции. Паралелно со овие избори, се спроведуваат и повеќе гласања за локални прашања.

Изборите се прва можност за Американците да гласаат по претседателските избори од есента 2016 година.

Според анкетите, демократите имаат шанса да освојат мнозинство во Долниот дом, додека републиканците се во добра позиција да го задржат па и да го зголемат мнозинството во Сенатот. Сега тоа изнесува 51 наспроти 49.

Се очекува висока избирачка активност.

Би можело да ве интересира

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

ВИДЕО: Лидерот на култ кој уби и распарчи две деца се соочува со смртна казна

Катерина Ѓуровски