Отворен Светскиот салон за автомобили во Париз

Од:

Во Париз е отворен Светскиот салон на автомобили, кој е пропратен со протести на вработените во автомобилската индустрија поради загорзеноста на нивните работни места.

Автомобилската индустрија сака да ја заборави кризата и претставува серија на нови модели на саемот.

Француските конструктори ПСА („Пежо-Ситроен“) и „Рено“ на домашен терен вложија многу во претставувањето на новите модели. Рено ги претстави „Клио IV“, електричниот автомобил „Зое“ и четирициклот „Твизи“, додека „Ситроен“ ја промовира својата нова линија ДС со малиот „ДС3 Кабриолет“ и „Деветката“, која ги најавува идните луксузни модели на оваа марка.

„Пежо“ пак го претставува „Оникс“, автомобил кој наликува на вселенски брод, опремен со најновите технологии во областа на хибридните мотори и способен да развие 600 коњски сили. Новата 208 исто така е присутна на саемот во Париз.

Покрај француските, тука се и сите други светски конструктори, чиј прв ден на салонот по малку им беше помрачен со протестите на вработените во француската автомобоилска индустрија, чии работни места се загрозени.

Вработени од автомоблискиот сектор не сакаат да ја стават кризата во втор план, посебно вработените во фабриката на ПСА од Олне-су-Буа во парискиот регион, чие затворање е предвидено за 2014 година. Тие вчера протестираа пред и во салонот.

На вработените од ПСА им се приклучија и работници на „Форд“ од Бланкфорт од регионот на Бордо, откако оваа компанија најави укинување на повеќе работни места во Европа и покрај ветувањата дека преку разни проекти ќе бидат рестартирани околу 1.000 работни места во фабрика за производство на менувачи од новата генерација.

На штандовите на ПСА и „Форд“ демонстрантите делеа летоци, налепници и носеа испишани пароли на кои се критикуваше акцијата на францускиот министер за обнова на производство Арно Монтбург, кој беше преименуван во „министер за непродуктивност“.

По најавата на француската Влада за планот за развој на автомобилската индустрија, поточно за производство на хибридни електрични автомобили, претседателот Франсоа Оланд се обврза да ја поддржува конкурентноста на секторот.

Според проценките, продажбата на нови автомобили во Европа во текот на годинава ќе се намали за 8 отсто, додека во Франција намалувањето се очекува да изнесува 10 проценти.

Салонот на автомобили во Париз, кој се организира секоја втора години, ќе трае до 14 октомври.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ

Leave a Comment

13 + 1 =