Отровен пречек за Меркел во Индија

Од:

Германската канцеларка доби отровен пречек во Њу Делхи додека шеташе со претседателот на Индија пред почесната гарда поставена во нејзина чест.

Претседателот на Индија, Наренда Моди и неговата гостинка го игнорираа предупредувањето од здравствените експерти дека треба да се носи заштитна маска за време на нивниот престој надвор, заради огромното загадување на воздухот во Њу Делхи.

Така, Моди и Меркел имаа „убава прошетка“ покрај почесната гарда пред претседателската палата, дишејќи којзнае колку отров од загадениот воздух во Њу Делхи. Меркел дополнително повторно седна за време на интонирање на химната.

Индиската агенција за надгледување на квалитетот на воздухот претходно соопшти дека загаденоста навоздухот над индиската престолнина е алармантна.

Според Светската здравствена организација, присуството на особено опасни честички во воздухот над Делхи е дури 19 пати поголемо од она што се смета за опасна горна граница.

Би можело да ве интересира

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим