Откриен идентитетот на девојката со чие тело парадираа и се исмеваа милитантите кои упаднаа во Израел

Од:

Шани Лук (30) била на музички фестивал за мир кога била фатена.

Девојката со чие голо, неподвижно тело парадираа терористите на Хамас во задниот дел на пик-ап додека седеа врз неа и се исмејуваа по нивниот насилен упад синоќа беше идентификувана како германски поп-уметник и модел.

Шани Лук (30) беше на музички фестивал за мир кога беше заробена од терористи додека го напаѓаа Израел во ненадеен напад во кој загинаа стотици, а беа повредени илјадници. Нејзиното тело е снимено во задниот дел на камион, со едната нога под неприроден агол, додека околу неа седат терористи и поддржувачи на групата како навиваат, трчаат покрај неа и плукаат по неа додека ја придружуваат низ Газа.

Информациите беа објавени додека нејзината мајка Рикардо објавила потресно видео во кое моли за помош за да открие што се случило со нејзината ќерка. Држејќи слика од Шани на мобилниот телефон, таа рече:

„Утрово палестински Хамас ја киднапираше мојата ќерка Шани Никол Лук, германска државјанка, со група туристи во јужен Израел. Ни испратија видео на кое јасно можев да ја видам нашата ќерка онесвестена во автомобил со Палестинци и тие возат во Појасот Газа. Ве молиме пратете ни каква било помош или каква било новост. Ви благодариме многу“, изјави нејзината мајка.

Хамас тврдеше дека таа е израелски војник – но синоќа братучедот на Шани рече дека тоа е таа и нема никаква врска со армијата.

“Ништо не сме слушнале. Се надеваме на позитивни вести. Тоа е дефинитивно Шани. Беше на музички фестивал за мир. Ова е ноќна мора за нашето семејство”, изјави нејзината братучетка.

Палестинските милитанти во саботата ја започнаа својата најлоша офанзива во последните 50 години со невидени копнени, морски и воздушни напади – дури и користејќи параглајдери за да избегнат откривање. Во координиран, повеќестран напад, палестинските терористи влегоа во Израел од Појасот Газа, заземаа населби и заробија и убиваа цивили кои го славеа еврејскиот празник. Се стравува дека десетици луѓе биле киднапирани од улиците и вратени во Газа или едноставно убиени на лице место.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

Макари: Сакаме примирје со Израел, правиме дипломатски напори

Израелски медиуми: Авиони го бомбардираа засолништето на шефот на Хезболах со повеќе од 80 тони бомби

ABC News: Израелските војници влегоа во Либан

Израелски тенкови снимени во близина на границата со Либан

Халеви: Израел ќе посегне до секој што ни се заканува

Горан Наумовски