Откажани околу 300 летови од берлинскиот аеродром Бранденбург поради штрајк

Од:

Сите патнички летови од берлинскиот аеродром Бранденбург денеска се откажани или пренасочени поради еднодневниот штрајк на работниците, јави германската новинска агенција ДПА.

Откажани се околу 300 летови и се презакажани за утре, а дел од патниците се упатени на аеродромите во Дрезден и во Лајпциг.

Штрајкот на аеродромските работници, безбедносниот персонал и персоналот на земјата е во организација на синдикатот Верди.

Се очекува прекинот на работата да влијае на противпожарната бригада на аеродромот, операциите за полнење гориво, ракувањето со багажот и шалтерите за пријавување на патници.

Синдикатот бара зголемување на месечните плати од 500 евра.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пропадна референдумот во Берлин, не излегоа доволно гласачи

Горан Наумовски

Маж во Хамбург уби човек, а потоа се самоуби

(ВИДЕО) Протести за климата во Германија, активисти ги блокираа мостовите во Хамбург

ВИДЕО: Возач на автомобил газеше пешаци на аеродром во Келн, има повеќе повредени

Ана Ололовска

Група девојчиња со часови мачеле 13-годишно девојче во Германија, и гаселе цигари на лицето, па и ја запалиле косата

Горан Наумовски

Шолц: Путин е секогаш многу љубезен

Горан Наумовски