Откажани над 220 летови во Брисел на 13 февруари

Од:

Белгиската авиокомпанија „Браселс Ерлајнс“ ги откажа сите 222 летови предвидени за 13 февруари, кога во Белгија ќе се одржи генерален штрајк.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, се очекува генералниот штрајк целосно ќе ја парализира компанијата „Браселс Ерлајнс“, поради што таа денеска најави дека ги откажува сите летови планирани за тој ден во белгискиот главен град.

Станува збор за „проактивно откажување“, наведе авиокомпанија, поради тоа што големината на штрајкот и акциите кои се предвидени на аеродромот ќе го попречат нормалното функционирање на компанијата.

Се очекува откажувањето на 222 летови да погоди 16.000 патници.

Засегнатите патници можат да побараат да им се вратат парите од билетите, најави Браселс Ерлајнс.

Заедничкиот синдикален фронт повика на генерален штрајк на сите сектори на 13 февруари, поради неможноста да се постигне договор со работодавците за зголемување на платите.

Инаку, истиот ден, 13 февруари, во Брисел се одржува и состанок на министрите за одбрана на НАТО.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски