Откажан референдумот за независност на Каталонија

Од:

На 9. ноември нема да биде одртжан референдум за независност, изјави претседателот ба североисточната шпанска автономна област Артур Мас.

Тој истакна дека на 9. ноември каталонските власти ќе организираат неофицијалнa анкета за да го проверат расположемнието на граѓаните.

– Подоцна ќе организираме официјален референдум, посочи Мас.

Шпанскиот премиер Мариано Рахој ја поздрави одлуката на каталонските власти да го откажат референдумот за независност.

– Тоа е одлична вест. Почитувањето на законот е обврска за сите, посочи Рахој, додавајќи оти почнува преговори со каталонските власти.

Каталонските лидери синоќа го откажаа референдумнот за независност откако Уставниот суд привремено го забрани неговото одржување.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски