Отфрлено обвинението против приведениот руски новинар

Од:

Отфрлено е обвинението против приведениот руски новинар Иван Голунов и ќе биде ослободен од домашен притвор, објави Министерството за внатрешни работи на Русија.

Рускиот министер за внатрешни работи, Владимир Колоколциев, изјави за новинарите дека била донесена одлука дека Голунов нема кривично да се гони.

Полициските службеници кои работе на случајот на новинарот Голунов се суспендирани од службени должности, рече Колоколес.

Новинарот на порталот „Медуза“ Иван Голунов беше уапсен на 7 јуни во центарот на Москва. Полицијата соопшти дека при претрес на неговиот стан биле пронајдени пет пакети со прашкаста супстанца. Експертите соопштија дека вопрашање се околу 4 грама од наркотикот метиледедрон. Против Голунов беше покрената кривична пријава за незаконско поседување наркотични супстанци.

Би можело да ве интересира

И Канада е против враќањето на Русија во Г7

Ана Ололовска

Навални утре на слобода, судот го одби барањето за продолжување на казната

Захарова: Седница на Советот за безбедност на ОН поради американските ракети

Велемајсторот Карпов од март чека виза за САД

ЕУ е против безусловното враќање на Русија во Г7

Ана Ололовска

Зеленски: Русија да и го врати Крим на Украина и ќе си го поврати местото во Г8

Ана Ололовска