Освен вакцината против коронавирусот, „Фајзер“ го има и еден од најпознатите лекови во светот

Од:

Покрај вакцината против коронавирусот, најпознат производ на фармацевтската компанија „Фајзер“ е „Виагра“, лек за еректилна дисфункција кој бил откриен сосема случајно. Тој се употребува ширум целиот свет веќе 22 години.

Лекот на „Фајзер“ всушност е создаден кога хемичарите се обиделе да синтетизираат лек за висок крвен притисок и ангина пекторис, но првите клинички испитувања покажале дека тој всушност има мал ефект врз ангина, но дека предизвикува ерекција.

Така, „Фајзер“ целосно неочекувано издаде лек за еректилна дисфункција, наместо ангина пекторис.

„Виагра“ беше патентиранa во 1996 година и одобренa во 1998 година за употреба.

Откако излезе на пазарот, „Виагра“ имаше најбрз првичен раст на продажбата по лансирањето на кој било производ на рецепт, а во 2008 година, лекот достигна продажба од скоро две милијарди долари. Лекот досега користеле 66 милиони мажи ширум светот, а годишно се продаваат 40 тони од него.

Ксанакс е исто така лек на Фајзер

Со порастот на менталните болести во 60-тите години на 20 век, истражувачите започнале да бараат начини да им помогнат на луѓето кои имале несоница, што најчесто произлегувала од анксиозност.

Д-р Лео Стернбах го создал првиот бензодиазепин наречен либриум во 1956 година. Целта сепак, била да се создаде помалку зависна и теоретски побезбедна алтернатива на традиционалните средства за смирување.

Иако Стернбах исто така го измисли и валиумот, кој беше еден од најпопуларните лекови во САД во 70-тите години на минатиот век, тој не се користел нужно за лекување на напади на паника, со што се создала можност за Ксанакс на пазарот. Така, 13 години подоцна, поточно во 1969 година, д-р Стернбах поднесе патент за алпразолам, генеричкото име за денешниот Ксанакс.

АпЏон за прв пат го дистрибуираше во 1981 година, а оваа компанија сега е дел од Фајзер.

Тоа беше првиот бензодиазепин одобрен од американската Агенција за лекови за третирање на панично растројство во 1990 година. Само две години по првото лансирање, Ксанакс стана клучен лек во САД.

Би можело да ве интересира

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

„Фајзер“ очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините, планира зголемување на цените во САД

Фајзер ја зголемува цената на вакцината против Ковид во САД

Ана Ололовска