Осуммина повредени во земјотрес во Истанбул

Од:

Земјотрес со јачина од 5,8 степени денеска го потресе Истанбул, при што осум лица се полесно повредени, а многумина во паника ги напуштија своите домови и излегоа на улиците.

Одделот за управување со катастрофи и вонредни состојби соопшти дека земјотресот е регистриран во Мраморното Море во 13:59 часот по локално време, на длабочина од седум километри и е почувствуван во западната област Мармара.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека осум лица се повредени и оти веднаш биле медицински згрижени. Тој дополни дека освен информации за помали разурнувања, нема извештаи за голема материјална штета.

Министерот за здравство Фахретин Кодќа преку Твитер потврди дека нема мртви.

Телевизиските снимки покажуваат урнато минаре во западен кварт на градот.

Агенцијата за управување со вонредни состојби соопшти дека една зграда се накривила, а пукнатините се појавиле на две.

Турските медиуми информираа дека децата се евакуирани од училиштата и училиштата се затворени за денеска.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак

Силен земјотрес го погоди Мексико