Осуммесечно бебе меѓу жртвите во судирите на границата меѓу Појасот Газа и Израел

Од:

Палестинското Министерството за здравство соопшти детали за загинатите при вчерашните протести.

dobivaj vesti na viber

Според Министерството, загинале 58 лица, од кои 57 биле убиени од израелски оган, а осуммесечно бебе починало откако вдишило солзавец.

Шестмина од починатите од прострелни рани се малолетни. Повеќе од 2.700 лица беа повредени, вклучувајќи 1.360 од прострелни рани. Од повредените, 130 се во сериозна и критична состојба.

Од соопштението на Министерството, не е јасно како бебето било изложено на солзавец за време на судирите на границата меѓу Газа и Израел. Детето е идентификувано како Лејла ал Гандур.

Советот за безбедност на ОН денеска ќе се состане за да ги осуди вчерашните настани долж границата и убиството на десетици Палестинци.

Седницата е на барање на Кувајт, кој предложи предлог-изјава. Во изјавата се изразува „огорченост и тага” на убиствата и се повикува на „независна и транспарентна истрага”.

Во документот се апелира на воздржаност од сите страни. Исто така, постои повик сите да се придржуваат до резолуцијата на Советот за безбедност, која повикува да нема амбасади во спорниот Ерусалим. САД вчера ја отвори својата Амбасада во Еруслаим, која ја пренесе од Тел Авив.

Би можело да ве интересира

Распуштен парламентот во Израел, предвремени избори на 1 ноември

Конфликт меѓу израелски војници и Палестинци на светилиште на Западниот Брег

Израелскиот премиер Нафтали Бенет се повлекува од политиката

Убиен 25-годишен Палестинец при конфликт во Џенин

Ана Ололовска

Израелскиот парламент ќе се распушти, Лапид треба да ја преземе премиерската функција

Ана Ололовска

Ганц: Израел сака да влијае врз нуклеарниот договор со Иран

А1он