Осумина живи пронајдени во хотелот во Италија затрпан од лавина

Од:

Осум лица, меѓу кои има и две деца, се пронајдени живи во остатоците од хотелот „Ригопиано„ во централна Италија, по два дена поминати во снегот, откако во средата, врз хотелот се урна лавина, јавуваат италијанските медиуми повикувајќи се на соопштение на спасувачките екипи.

Претставник на спасувачите изјавил дека засега не се извлечени сите шестмина преживеани.

Луксузниот хотел, сместен во одалечена планинска област, близу до врвот Гран Сасо, беше погоден од лавина по серијата земјотреси што претходно се почувстваа во централната италијанска област Абруцо и во главниот град Рим.

Во моментот на падот на лавината, во хотелот имало 22 гости, како и десетина членови на хотелскиот персонал.

Досега за четири лица е потврдено дека загинале, а други најмалку 20 лица се уште се водат како исчезнати.

Претходно беше соопштемно дека се најдени шестмина преживеани, но подоцна биле откриени уште две други лица кои ја преживеале лавината.

Преживените се три мажи, исто толку жени и две деца. Сите поминале 40 часови затрпани под снегот и остатоците од хотелот, на многу ниски темпаратури.

Хотелот со четири ѕвездички е лоциран во одалечена локација, до која , сега по падот на лавината, претставува голем проблем за спасувачките екипи, за да дојдат до местото на несреќата.

Според италијанските медиуми, лавината која се урнала врз хотелот била толку силна што го изместила цели десет метри од неговата првична локација.

Сеизмолозите веруваат дека серијата потреси во средата од кои четири имале силина од пет степени по Рихтеровата скала, предизвикале да се покрене снегот на врвот од планината и да се претвори во силна лавина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

Несреќа во Италија: Во сообраќајка загина навивач на Ливерпул

Горан Наумовски