Осум жртви во бомбашки напад во Пакистан

Од:

Осум лица загинаа во бомбашки напад на возило на старешина на едно неталибанско село во Пакистан, соопшти полицијата.

Вишиот полициски службеник во областа Свату, Саид Кан информираше дека убиениот шеф на селскиот мировен одбор, Идриз Кан, ја обиколувал околината кога експлодирала бомба поставена крај патот.

Првичните извештаи укажувале на петмина загинати во нападот, за подоцна да се утврди оти животот го изгубиле осум лица, меѓу нив и двајца полицајци.

Одговорност за нападот презеде пакистанската талибанска милитантна група позната како „Техрик Талибан Пакистан“, како што се наведува во соопштението на портпаролот Мохамед Курасани.

Тој тврди дека загинатиот шеф на мировниот одбор ги поддржувал безбедносните сили неколку години наназад.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападната е жена, вработена во нотарска канцеларија

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

Петмина загинати во нападот во Сиднеј

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

Се уште не е идентификуван напаѓачот врз градоначалникот на Арачиново, трет напад врз него за година и пол

Орце Костов