Осум тинејџерки убиле маж во Торонто

Од:

Осум тинејџерки се обвинети за смртта на 59-годишен маж, кој бил избоден со нож во центарот на Торонто. Полицијата објави дека верува оти девојките се запознале на социјалните мрежи и го планирале убиството.

Според полициските извештаи, девојките во неделата рано наутро нападнале и избоделе маж на плоштад во близина на главната железничка станица. Три девојки се на 13, три на 14 и две на 16 години, јавуваат канадските медиуми.

Полицијата не го наведе името на жртвата, но на прес-конференција рече дека мажот неодамна се преселил во системот за засолниште за бездомници во градот. „Тој имаше голема семејна поддршка, така што не мора да го наречам бездомник“, рече детективот Тери Браун.

Полицијата соопшти дека девојките по расправија ја нападнале и избоделе жртвата. Мажот бил итно пренесен во болница со тешки повреди, но набргу починал. Полицајците ги уапсиле девојките во близина на местото на настанот откако разговарале со сведоците, а таму нашле и оружјето.

Браун рече дека инспекторите веруваат дека девојките се запознале на социјалните мрежи и живеат во различни делови на градот, но сè уште е нејасно зошто се собрале таа вечер.

Три осомничени и биле од претходно познати на полицијата, додека останатите немале претходни контакти со полицијата.

Би можело да ве интересира

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пукање во Канада: Тројца мртви, двајца во критична состојба