Осум ракети паднаа во турска база во Ирак

Од:

Неидентификувани напаѓачи истрелале осум ракети врз турска воена база во северен Ирак, од кои две паднале во објектот, соопшти Контратерористичката група, безбедносна организација во автономниот курдски регион во Ирак.

Едно лице во базата е рането, изјави извор од ирачките безбедносни сили.

Ниту една група сè уште не ја презела одговорноста за нападот во раните утрински часови на базата Зилкан, во која се сместени турските сили во провинцијата Ниневија во северен Ирак.

Турција со децении спроведува операции во Ирак против Курдистанската работничка партија (ПКК), која има бази во регионот. Турција, САД и ЕУ ја прогласија ПКК за терористичка група.

Групата започна бунт во југоисточна Турција во 1984 година во кој загинаа повеќе од 40.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ја погоди Турција

ВИДЕО: Полета првиот турски борбен авион од 5-та генерација

Силен земјотрес ја погоди Турција

Горан Наумовски

Несреќа во рудник за злато во Турција: Најмалку девет рудари се затрупани

(ВИДЕО) Пукање во Истанбул, шестмина повредени: напаѓачите се убиени

Катерина Ѓуровски