Осум лица загинаа при експлозија во Могадишу

Од:

Најмалку осум лица загинаа денеска во експлозија на автомобил-бомба, чија цел бил владин конвој во сомалискиот главен град Могадишу.

dobivaj vesti na viber

Конвојот го превезувал високиот полициски службеник Фархан Кароле, кој го преживеал нападот.

Засега никој не преземал одговорност за инцидентот, но движењето Ал-Шабаб, кое сака да ја собори владата и да го наметне своето толкување на шеријатскиот закон, често извршува вакви бомбашки напади.

Очевидци тврдат дека на местото на настанот виделе тела на осум жртви, меѓу кои и една жена.

Експлозијата се случила на прометна крстосница во главниот град на Сомалија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Сомалија се урна авион при слетување, преживеаја сите 30 патници

Горан Наумовски

Бајден одобри повторно распоредување американски војници во Сомалија

А1он

Претседателските избори во Сомалија ќе се одржат на 15 мај

А1он

Во терористички напад во Сомалија загинаа најмалку 48 лица, меѓу кои и пратеничка

А1он

Сомалија зафатена од најтешката суша во последните четири децении

Најмалку 15 лица загинаа во напад на бомбаш самоубиец во Сомалија

Ана Ололовска