Осуда од Гутереш за насилствата на властите во Мјанмар

Од:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја осуди употребата на смртоносна сила во Мјанмар, каде безбедносните сили вчера отворија оган врз демонстрантите при што убија две лица.

„Ја осудувам употребата на смртоносно насилство во Мјанмар“, објави Гутереш на Твитер. „Употребата на смртоносна сила, закани и малтретирање против мирни демонстранти е неприфатлива“, додаде тој.

„Секој има право на мирно собирање. Ги повикувам сите страни да ги почитуваат изборните резултати и да се вратат во цивилната влада”, додаде тој.

Двајца демонстранти беа убиени вчера во централниот град Мандалај, а околу 30 други беа повредени. Ова е најтешкиот судир од превратот од 1 февруари. Ден претходно животот го загуби демонстрантка која беше застрелана на 9 февруари.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар