Остра реакција на Пекинг поради американските воени бродови во Јужно Кинеско Море

Од:

Министерството за надворешни работи на Кина реагираше откако американски воени бродови пловеа во близина на островите во Јужно Кинеско Море, на кои Пекинг полага право.

„Американските воени бродови впловија во тие води без дозвола на Кина“, истакна портпаролката на кинеското МНР, Хуа Чунјинг.

Два американски разорувачи пловеа околу 12 наутички милји од гребенот Мисчиф, које дел од спорените острови Спретли.

Кина полага право на поголемиот дел од стратешкиот воден пат во Јужно Кинеско Море и изгради острови на гребените, како и воени објекти.

Односите помеѓу САД и Кина се влошени поради ескалација на трговскиот спор, посебно пред 1 март, кога истекува рокот за постигнување на трговски договор помеѓу двете држави.

 

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД