Остин ќе ги посети Грузија, Украина и Романија

Од:

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин викендот ќе отпатува за Европа, при што ќе ги посети Грузија, Украина и Романија, а на крајот од следната недела ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

– Министерството за одбрана силно ги поддржува своите европски сојузници и партнери наспроти дестабилизирачките акции на Русија во важниот регион на Црното Море, а министерот со нетрпение очекува да се сретне со своите колеги и други високи претставници за да ја потврди американската посветеност кон безбедна, стабилна и просперитетна Европа, се наведува во соопштението на американското Министерство за одбрана.

Во Тбилиси, Остин ќе се сретне со премиерот Иракли Гарибашвили и министерот за одбрана Јуаншер Бурчулаѕе за да изрази поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија, да разговара за билатералната безбедносна соработка и да поттикне посилна регионална соработка во регионот на Црното Море.

Во Украина, Остин ќе се сретне со претседателот Володимир Зеленски и министерот за одбрана Андриј Таран за да разговараат за „суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, како и реформите во одбранбената индустрија во земјата.

Додека Остин во Романија ќе има средба со претседателот Клаус Јоханис и министерот за национална одбрана Николај Јонел Цуц. Тој ќе ги посети и американските војници во воздухопловната база Михаил Когалничеану.

На 21 и 22 октомври Остин во Брисел ќе присуствува на состанокот на министрите за одбрана на НАТО и ќе разговара со генералниот секретар Јенс Столтенберг за забрзување на трансформацијата што треба да гарантира дека Алијансата е „подготвена за предизвиците во иднината“.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

Белата куќа се противи на палестинската државност