Оставки на двајца австралиски министри за „непримерно однесување“

Од:

Двајца австралиски министри поднесоа оставки на своите функции, за вмешаност во два скандали што не се меѓусебно поврзани.

Министерот за инфраструктура и регионален развој Џејми Бригс, се повлече од функцијата, откако еден вработен во државната администрација го пријавил неговото „непримерно однесување„ во еден бар во Хонг Конг.

Државниот министер Мал Броу, пак, поднесе оставка, затоа што полицијата отвори формална истрага околу неговата вмешаност во соборувањето на еден друг, сега веќе поранешен министер со дистрибуирање лажни обвинувања.

Две оставки на владини министри , во еден ист ден, е првата поголема криза во кабинетот на премиерот Малколм Тарнбул.

Порано годинава Тарнбул и самиот дојде на функцијата, откако изврши „пуч“ против дотогашниот премиер и сопартиец Тони Абот.

Бригс се брани дека немало ништо непристојно и спротивно на нормите за однесување за време на службениот пат во Хонг Конг, во минатиот месец. кон жената вработена во неговиот кабинет.

Овој министер како и неговиот колега Броу претходно имале одвоени разговори со премиерот Тарнбул, по што и обајцата објавија дека заминуваат од владата.

Двајцата се обвнети дека не се придржувале на „стандардите за однесување“ што се определни за министрите.

Тие тврдат дека не сториле ништо лошо, но австралискиот премиер во посебно соопштение за домашната јавност објасни дека двајцата „постапиле исправно„ со тоа што поднеле оставки.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски