Оставка во Бакингемската палата поради расистички коментари

Од:

Почесната членка на персоналот на Бакингемската палата Сузан Хуси поднесе оставка по инцидентот во кој таа постојано ја прашувала црнкинката Нгози Фулани, која води добротворна организација за жртви на семејно насилство, од која земја „доаѓа“, и покрај инсистирањето на Фурлани дека е британска државјанка .

Нгози Фулани објави на Твитер дека на забелешката дека нејзиниот објект се наоѓа во Хакни, Лондон, членката на персоналот С.Х. упорно прашуваше: „Не, не, од кој дел на Африка дојдовте?“.

Инцидентот се случил на приемот на сопругата на кралот Камила, организиран за жени кои се занимаваат со борба против семејното насилство.

Бакингемската палата соопшти дека го сфатила инцидентот крајно сериозно и ги истражила „неприфатливите и длабоко жални коментари, и добро е што засегнатото лице поднело оставка“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он