Оставка на специјалниот советник на Макрон, Исмаил Емелиен

Од:

Специјален советник на францускиот претседател Емануел Mакрон, Исмаил Емелиен, соопшти дека поднесува оставка на функцијата, откако ја прекрши забраната на шефот на државата за објавување авторски книги, јави дописникот на МИА.

Имено, наскоро од печат треба да излез книга за прогресизвизмот, на која Емелиен е коавтор.

Макрон, по доаѓањето на функцијата, им забрани на неговите советници да објавуват книги додека работат во Елисејската палата.

Емелиен во интервју за списанието „Ле Поант“ нагласи дека неговата оставката ќе стапи во сила кон крајот на март или почетокот на април.

Трисетгодишниот Емелиен важи за еден од најблиските соработници на Maкрон и негов главен стратег и „автор на идеи“.

Тој вториот близок соработник на претседателот кој ја напушти Елисејската палата од почетокот на годината. Пред него, на почетокот на јануари, поради „лични причини“, оставка поднесе и
директор за комуникации на Елисејската палата, Силван Фор, кој беше еден од најблиските соработници на Макрон уште пред да биде избран за претседател.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден