Оставка на началникот на јужнокорејските воздухопловни сили поради самоубиството на жена водник

Од:

Началникот на јужнокорејското воено воздухопловство денеска поднесе оставка, соочувајќи се со бурната реакција во јавноста поради смртта на жена водник, чие семејство тврди дека се самоубила откако била сексуално злоставена од колега.

Претседателот Мун Џае-ин ја прифатил оставката на началникот на воздухопловните сили, Ли Сунг-Џонг, кој претходно изјави дека ја признава „големата одговорност“ за смртта на жената, соопштија од кабинетот на јужнокорејскиот претседател.

Оставката на Ли доаѓа само еден ден откако Министерството за одбрана соопшти дека главниот наредник на воздухопловството е уапсен под сомнение дека во март ја нападнал колешката во автомобил додека се враќале во базата по вечерата.

Според петицијата што до претседателот ја поднесе семејството на жената, таа го пријавила случајот кај нејзините претпоставени, но се самоубила во мај откако тие се обиделе да го прикријат инцидентот и извршиле притисок врз неа да постигне приватна спогодба со сторителот.

Повеќе од 340.000 лица од вчера попладне потпишаа петиција со барање за казнување на воздухопловните службеници вклучени во прикривањето на случајот.

Под притисок на јавноста, претседателот Мун вчера и издаде наредба на армијата да спроведе темелна истрага за дејствијата на воздухопловните сили во овој случај.

Јужнокорејската војска долго време е критикувана за неуспехот да ги заштити жените во војската од сексуално вознемирување и насилство.

Една жена во морнарицата во 2017 година изврши самоубиство откако беше силувана од висок офицер, кој подоцна беше осуден на 15 години затвор.

Сличен случај имаше и во 2013 година, кога, исто така, една жена воен офицер се самоуби бидејќи била малтретирана од нејзиниот претпоставен, кој и вршел притисок да има сексуален однос со него. Претпоставениот беше осуден на две години затвор.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски