Оставка на естонската министерка за образование, со службен автомобил ги носела децата на училиште

Од:

Естонската министерка за образование, Маилис Репс, денеска поднесе оставка на функцијата по медиумските извештаи дека користела државно возило и возач за да ги нoси своите деца на училиште, јави ДПА.

Според таблоидот Охтулехт, возач од министерството повеќепати го користел владиниот автомобил за да ги однесе и земе нејзините деца од училиште.

„Се најдов под силен притисок да ја усогласам улогата на министер и мајка. Признавам дека направив грешки и се извинувам за нив“, напиша 45-годишната политичарка, која во 2016 година се кандидираше за претседателка на Естонија.

ДПА пренесува дека по обелоденувањето на скандалот, Репс признала и дека неодамна повеќе пати го користела владиниот автомобил за приватни цели.

Премиерот Јури Ратас, кој ја бранеше Репс, рече дека со жалење ја прифатил оставката на неговата сопартијка.

Таа е третиот член на владата што ја напушти функцијата овој месец, додава ДПА.

Би можело да ве интересира

Естонски министер поднесе оставка затоа што го нарече Бајден корумпиран

Ана Ололовска

Собранието ја констатира оставката на Заев од пратеничкото место

Жарко Настоски

Падна либанската влада, една недела по трагедијата во Бејрут

Жарко Настоски

Борисов: Ќе понудам опција за повлекување, подготвен сум да заминам во секое време

Жарко Настоски

Белгиската министерка за здравство се појави во Парламентот со необична маска

Жарко Настоски

Јужнокорејската министерка за трговија е кандидатка за директор на СТО

Жарко Настоски