Оставка на британска дипломатка во САД: Не сакам веќе да зборувам полувистини за Брегзит

Од:

Александра Хал, високорангирана британска дипломатка во САД поднесе оставка поради односот на британската Влада кон Брегзит.

Специјалната пратеничка на британскиот премиер Борис Џонсон во САД во своето писмо за оставката посочи дека веќе не може да ги пропагира „полувистините“ на политичките лидери на кои не им верува. Таа напиша дека е згрозена од барањето на јавноста да претставува информации за Брегзит кои не се „во целост искрени“, јави Си Ен Ен.

„Таа неволност на британските челници искрено да ја информираат јавноста за Брегзит ја намали веродостојноста на британските дипломати во странство“, оцени Хал, истакнувајќи дека поради тоа нејзината позиција станала „лично неподнослива“ и „професионално неодржлива“. Таа, исто така, истакна дека нејзината оставка нема врска со тоа дали е или не е за Брегзит, туку со нејзината фрустрација од начинот на спроведување на политиките.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност