Осомничениот за терористичките напади во Париз во 2015 години тврди дека не убил никого

Од:

Салах Абдеслам, главниот осомничен за координираните напади на џихадисти во кои беа убиени 130 луѓе во Париз во ноември 2015 година, денеска, пред францускиот суд изјави дека никогаш не убил или ранил некого.

Абдеслам (32) рече дека ја поддржува милитантната група Исламска држава и дека е непобитно дека бил на пат да стане борец.

Тој, сепак, не кажа дали бил вклучен во координираните напади со оружје и бомба, кои беа најсмртоносните во повоена Франција.

– Не убив ниту повредив некого, рече Салах Абдеслам. – Не се ни изгребав, додаде 32-годишниот Французин во спонтана изјава пред судот во Париз, пред да започне сослушувањето, пет месеци по почетокот на судењето.

Францускиот Мароканец Абдеслам, се верува дека е единствениот преживеан член на исламистичките командоси за кои се смета дека ги извршија нападите со пиштоли и бомбашки напади во шест ресторани и барови, концертната сала Батаклан и националниот фудбалски стадион.

Тој е единствен меѓу 20-те обвинети што е директно обвинет за убиство, обид за убиство и за земање заложници. Истражителите веруваат дека неговиот елек со експлозив имал некаков дефект и дека тој побегнал од француската престолнина неколку часа по нападот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пукање во Франција: Шестмина повредени

ВИДЕО: Илегален фестивал во Франција: Се собраа 30 илјади луѓе, отворено истрага

Потврдена пресудата: Саркози мора да помине една година во домашен притвор

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Играчите во паника бегаа од нервозниот бик, животното ги виде црвените дресови и настана хаос

Горан Наумовски

Во денешните немири во Франција уапсени се 291 демонстрант, а повредени се 108 полицајци

(ВИДЕО) Насилни протести во Париз: Искршени излози, запалени барикади