Основното училиште во Тексас, каде тинејџер уби 19 ученици и двајца учители, ќе биде урнато

Од:

Основното училиште во градот Увалде, Тексас, каде тинејџер уби 19 ученици и двајца наставници, ќе биде урнато, соопшти градоначалникот Дон Меклафин.

Тој истакна дека никој не може да побара од дете или наставник кога и да е да се врати во тоа училиште, поради што ќе биде урнато. Сепак тој не прецизираше кога тоа ќе се случи.

Најавата од градоначалникот доаѓа во време кога во САД се сè погласни критиките на јавноста поради реакцијата на полицијата за овој случај.

Директорот на Одделот за јавна безбедност на Тексас Стивен Мек Кроу оцени дека реакцијата на органите на редот во случајот со пукањето во училиштето биле „огромен неуспех“, каде командирот ги стави животите на полицајците пред животите на децата.

– Постојат убедливи докази дека одговорот на органите за спроведување на законот на нападот во основното училиште Роб беше голем неуспех и спротивно на сè што сме учеле, рече Мек Кроу на сослушувањето во Сенатот во Тексас за масовното пукање на 24 мај.

Тој додаде дека полициската акција не била успешно спроведена откако напаѓачот влегол во основното училиште Роб и почнал да пука.

– Три минути откако напаѓачот влегол во западната зграда, имало доволно вооружени полицајци кои носеле панцирни елеци за да го изолираат, одвлечат и неутрализираат субјектот, рече Мек Кроу. Тој додаде дека се што ги спречило полицајците да влезат во просториите 111 и 112 е „командирот на самото место, кој решил да ги стави животите на полицајците пред животот на децата“.

Началникот на полицијата во училиштето Јувалде, Пит Аредондо, на почетокот на овој месец изјави дека никогаш не се сметал себеси за командир за водење на операцијата за време на инцидентот на местото на пукањето и дека не и наредил на полицијата да го спречи упадот во зградата. Членовите на заедницата, заедно со родителите на жртвите, за време на бурниот состанок на училишниот одбор во понеделникот навечер го повикаа Аредондо да поднесе оставка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големиот пожар во Тексас ја зема првата жртва

(ВИДЕО) Огромен конвој камиони оди кон Тексас, Трамп се обидува да го заглави договорот за мигрантите

Катерина Ѓуровски

Тексас го предупреди Бајден: Најголемата грешка што можеш да ја направиш е да се судриш со нашата армија“

(ВИДЕО) Тексас му се закани на Бајден: Ако доведе трупи ќе одговориме со сила

(ВИДЕО) Експлозија во хотел во Тексас, има тешко повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Тексас